Македонската велосипедистка Далија Стојановска е балканска шампионка во циклокрос во конкуренција до 19 години, откако триумфираше на Балканското првенство со време од 43 минути и 21 секунда.
Стојановска ја заврши трката со пет извозени круга, оставајќи ја зад себе второпласираната Бриџит Белу, која на целта пристигна со време од 44 минути и 26 секунди. Третото место ѝ припадна на Дениса Марија Маркуш со време од 50 минути и 48 секунди.
Со овој резултат, Далија Стојановска оствари значаен успех за македонскиот велосипедизам, освојувајќи го златниот медал и титулата балканска шампионка во својата возрасна категорија.










