Интер ја совлада Фиорентина со 2:1 на „Џузепе Меаца“, во натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А, откако со два гола во судиското продолжение направи целосен пресврт и стигна до нови три бода.
Гостите од Фиренца поведоа во 65. минута со прекрасниот погодок на Алехандро Хименез, кој го изненади домашниот голман со одличен удар. Интер потоа тргна во офанзива, а Карлос Аугусто во два наврати ја погоди рамката од голот, додека голманот Давид де Хеа со неколку интервенции ја одржуваше Фиорентина во водство.
Сепак, притисокот на „нероаѕурите“ се исплатеше во завршницата. Маркус Турам израмни на 1:1 во 90. минута, а во длабокото судиско продолжение, по прекршокот над него во шеснаесетникот, Интер доби пенал. Сигурен реализатор од белата точка беше Пјотр Зелински, кој во 90+8. минута го постави конечниот резултат од 2:1.
Со оваа победа, Интер ја продолжи серијата без пораз и со 22 бода се израмни со Лацио на врвот на табелата. Фиорентина, пак, останува во тешка ситуација, на 18. позиција со само четири освоени бода.










