У17: Фудбалерките поразени од Грузија на стартот на квалификациите

29

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство, откако загуби од Грузија со 3:1 во првиот натпревар од групата 4 во Б-лигата.

Грузијките поведоа во 24. минута со голот на Гоголадзе, а предноста ја удвоија во 37. минута преку Гугалашвили. Македонската селекција успеа да одговори пред паузата, па Емилија Ивковиќ во 41. минута намали на 2:1 и ги врати надежите за поволен резултат.

На почетокот на второто полувреме, во 49. минута, Лана Спасовска постигна гол за Македонија, но погодокот не беше признат. Грузија ја потврди победата во 76. минута, кога по автоголот на Анја Каранфиловска поведе со конечните 3:1.

Македонските фудбалерки ќе имаат можност за поправен во следните два натпревари од турнирот. На 28 октомври од 14 часот ќе се соочат со Луксембург, додека на 31 октомври од 13 часот ќе играат против Велс.

ПретходноИнтер со два гола во судиското продолжение славеше против Фиорентина
СледноПМФЛ: Овој Сила е ЧУДО!!!