Тиквеш – Башкими 3:1 попладнево во Кавадарци во последниот меч од 11.коло во ПМФЛ. Уште една блескава партија на Нфанли Сила, напаѓачот од Гвинеја во нападот Тиквеш. Влезе во игра во второто полувреме и веднаш со два гола и една асистенција му донесе водство на својот тим од 3:0 до таа 63.минута.
И дефинитивно лесно му е на Тиквеш кога во своите редови има таков играч како Сила.
Со оваа победа Тиквеш сега има 20 бода и дефинитивно им се приклучи на водечките во битката за врвот. Шкендија 24, Струга ТЛ 23, Вардар 21 и Тиквеш 20.
Не му одеше на Тиквеш во првото полувреме, имаше шанси, но никако не успеваше да го пробие тимот на Башкими. На голот на гостите одличен беше Алиу, а домашните ја погодија и пречката преку Висдом.
И потоа на сцена стапи Сила кога влезе во игра. Го размрда својот тим, со него Тиквеш покажа дека е класа тим. И веќе во 51.минута гол за 1:0. Неколку минути Лавал имаше супер шанса за 2:0, но тоа го поправи Сила две минути подоцна за 2:0. Веќе беше готово, барем што се однесува до тоа кој ќе биде победник на овој меч. Ова беше негов 10 гол сезонава по кој и натаму е убедливо најдобриот стрелец во ПМФЛ, и не само стрелец.
Дека Сила знае и да асистира се покажа во 63.минута кога Фал погоди за 3:0.
До крајот Тиквеш имаше шанси и за поубедливо водство, Лусианињо во 73.минута мораше да погоди за 4:0, но немаше среќа.
Затоа имаше гол за Башкими за конечни 3:1 преку Лимани во 88.минута.
Во следното коло Тиквеш гостува кај Шкендија Арачиново, кај тимот кој единствен успеал да слави против кавадарчани сезонава.
Дали е време за реванш?















