Дали уште вечерва ќе го добиеме новиот шампион во Формула 1?

65
фото: Formula 1 (X)

Формула 1 денеска би можела да добие нов светски шампион. Младиот италијански возач на Мерцедес, Кими Антонели, има шанса уште на Големата награда на САД во Остин предвреме да ја обезбеди титулата, и тоа на само 20 години. Со таков успех, тој би станал најмладиот светски шампион во историјата на Формула 1, надминувајќи го рекордот на Себастијан Фетел.

Антонели во трката влегува со значителна предност од 102 бода пред својот тимски колега Џорџ Расел, додека Луис Хамилтон заостанува 111 бода. Италијанецот дополнително ја зацврсти својата позиција освојувајќи ја пол-позицијата во квалификациите, пред Макс Верстапен. Расел ќе стартува шести, а Хамилтон петти.

Сепак, за титулата да биде решена веќе денеска, потребен е конкретен расплет. Антонели мора да победи, Расел да заврши на деветтото место или подолу, а Хамилтон да не биде подобар од петтото место. Само во таква комбинација младиот возач на Мерцедес би ја обезбедил шампионската круна пред последните пет трки од сезоната.

Трката во Остин стартува вечерва од 21 часот.

ПретходноПМФЛ: Овој Сила е ЧУДО!!!
СледноСурова реалност: Дерби во Босна – 20.000 гледачи, дерби во Македонија – 1.500!?