Пресврт: Куртоа се чувствува подобро, најавил дека вечерва ќе брани на „Ел Класико“

62

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, сè уште се надева дека ќе може да настапи на вечерашното Ел Класико против Барселона, и покрај тоа што клубот официјално соопшти дека тој ќе го пропушти натпреварот поради грип.

Според информациите на „Атлетик“, белгискиот голман се чувствува подобро и се надева дека ќе успее да им се приклучи на соиграчите пред големото дерби на „Камп Ноу“. Сепак, неговиот настап останува неизвесен, а засега нема официјална потврда дека одлуката на Реал е променета.

Доколку Куртоа не биде подготвен за настап, се очекува меѓу стативите да застане Украинецот Андриј Лунин, кој треба да го замени првиот голман на „кралевите“.

ПретходноПолувреме во Гостивар: Коцев и Глигоров за пресврт од 1:0 до 1:2 за Брегалница
СледноДарко Додев повторно стрелец за Алтај, трет гол сезонава (ВИДЕО)