Селта и Бетис ремизираа без голови

14

Уште еден дуел од денешната Примера програма заврши, овојпат без голови. Селта и Бетис одиграа меч во кој што освоија по еден поен без да постигнат ниту еден гол.

И обете екипи имаа свои моменти и ситуации пред противничкиот гол, но навивачите присутни на стадионот Естадио де Балаидос во Виго денеска останаа ускратени од радост за погодок.

Со ова реми тимот на Бетис кој што одлично го започна овогодинешниот шампионат по десет одиграни мечеви има 20 бодови и е на четвртата позиција.

Селта од друга страна е деветта.

 

Претходно“Ел Класико“: Фановите на Барса со специјална кореографија ќе ги дочекаат Мурињо и Реал!
СледноНБА Европа во вторник најави клучни преговори, Реал потврди дека доаѓа