Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија тимот на Њу Орлеанс по продолжението во многу неизвесен натпревар со резултат од 141:135 и со тоа го остварија првиот триумф во сезоната.Никола Јокиќ му ја донесе на Денвер првата победа во сезоната со маестрална игра против Њу Орлеанс Пеликанс и стигна до 222-от трипл-дабл во кариерата, престигнувајќи го Расел Вестбрук на врвот на вечната листа.
Јокиќ и Џамал Мареј беа најзаслужни за големиот пресврт, а српскиот центар ја круниса брилијантната игра со ново историско достигнување.
Јокиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, што беше негов 199-ти трипл-дабл во регуларната сезона. Со тој настап, тој беше само десет натпревари подалеку од рекордот во тој сегмент, но затоа постави нов рекорд кога се разгледува целата негова кариера. Вклучувајќи 23 такви настапи во плејофот, тој достигна ниво од 222 и со тоа го престигна претходниот рекордер Расел Вестбрук, кој остана на 221.
JOKIĆ TONIGHT: MOVES 11 TRIPLE-DOUBLES AWAY FROM THE ALL-TIME RECORD 🃏
35 points, 15 rebounds and 10 assists in the @nuggets’ 23-point comeback W! https://t.co/yzGFakZYXy
— NBA (@NBA) October 25, 2026
На останатите мечеви од синоќа постигнати беа следните резултати:
Кливленд – Бруклин 125:121, Филаделфија – Милвоки 127:116, Чикаго – Вашингтон 120:124, Далас – Сан Антонио 106:122, Атланта – Хјустон 114:121, Феникс – Голден Стејт 131:122.










