ПМФЛ: Голеада во Гостивар и инфаркт – победа на Брегалница!

85
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Арсими – Брегалница 3:4 е исходот од денешниот меч од 11.коло во ПМФЛ. Супер интересен меч за уживање на оние неутралните, еден од највозбдилите во изминатиот дел на сезоната.

На крајот победа за гостите со голот на Натаниел во 90+2.минута. поразена.

Арсими имаше 1:0, Брегалница врати со 1:3, за да домашните сепак “тресеа“ за 3:3, ама на крајот беше 3:4. Треба да се одбележи прекрасниот гол, мајсторијата на Рамадани во 64.минута.

На стартот од мечот Арсими прв се закани преку Алити, сепак Филевски одлично одбрани. Во 22.минута преку Каба Јакупи поведе со 1:0. Сепак Брегалница не се предаде, тргна да игра фудбал и следуваа головите на Коцев во 31.минута за 1:1, потоа на Глигоров во 40.минута за 1:2. Со тој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме уште поголеми возбудувања. Прво Максимов имаше зицер ситуација, но нема 1:3 за Брегалница. Затоа Велкоски во 52.минута тресе за удвојување на водството на гостите.

Ова беше знак Арсими да тргне со сите сили во напад. И за само 5 минути дојде до 3:3. Прво Гони убаво се снајде пред гостинскиот гол, а потоа Рамадани со спектакуларен гол за израмнувања.

И тоа не беше се од домашните. Во 70.минута Гаје имаше зицер, гостинскиот голман Филевски погреши, а само поради лудата среќа за гостите немаше 4:3 за домашните.

Следуваа закани од свете страни, претежно од контранапади, тој седми гол на оваа “луда“ средба постојано “висеше“, и тој дојде во судиското продолжение кога Натаниел во 90+2.минута успеа да донесе 3:4 за голема победа на Брегалница, злато вредна.

ПретходноДарко Додев повторно стрелец за Алтај, трет гол сезонава (ВИДЕО)
СледноДе Зерби по триумфот на “Стемфорд Бриџ“: Тотенхем сега е комплетен тим!