Атаман се огласи за скандалот што ја тресе грчката кошарка!

108

Голем скандал ја потресува грчката кошарка, а по бурните реакции во јавноста се огласи и тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Грција беше уапсен, а приведени беа и неколку поранешни и актуелни судии. Случајот предизвика лавина реакции, а тензиите дополнително се зголемија по отворениот конфликт меѓу сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, и Олимпијакос. Во целата ситуација се вклучија и кошаркарите Еван Фурние и Кендрик Нан.

Атаман, сепак, одлучи да остане воздржан и да не навлегува во детали за случајот, кој сега е пред судските органи.

„Се наоѓам во Атина и со голем шок ги следам сите случувања. Сепак, жал ми е, но не би било во ред да изнесувам мислење за прашање што моментално е пред судот“, изјави турскиот стратег.

Тренерот на Панатинаикос порача дека клубот ќе ги преземе сите неопходни чекори во врска со случајот, а воедно испрати порака до навивачите.

„Панатинаикос е многу голем клуб и ќе ги преземе сите неопходни чекори во врска со овој случај. Сакам да им испратам љубов и поздрави на сите навивачи на Панатинаикос и на вистинските пријатели на спортот“, додаде Атаман.

ПретходноТри македонски екипи од утре на европската сцена
СледноЏејлен Вилијамс доживеа тешка скршеница на зглобот (ВИДЕО)