Пројковска му суди на Арсенал во женската Лига на шампиони

27

Македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска доби ново големо европско назначување. Таа ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика во женската Лига на шампионите, кој ќе се одигра на 28 октомври во Лондон.

Пројковска ќе биде главна судијка на дуелот од третото коло во лигашката фаза на стадионот „Медоу Парк“ во Боремвуд, каде што Арсенал ги игра домашните натпревари во женската конкуренција.

Македонската судиска екипа ќе ја надополнува Елена Соклевска-Илиевски, која е назначена за една од помошните судијки. Покрај неа, во судискиот тим ќе биде и Александра Варгова од Словачка, додека четврта судијка ќе биде Сабина Болиќ од Хрватска.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Сила е СИЛАТА на Тиквеш
СледноТри македонски екипи од утре на европската сцена