Чупиќ: Оваа публика заслужува победа за крај на ЛШ

1

Најдобриот македонски ракометен колектив во моментов, тимот на Вардар денеска одржа прес конференција по повод претстојниот, и воедно и последен дуел од групната фаза од Лигата на Шампионите на домашен терен против германскиот тим Мелсунген.

Мечот се игра в среда во салата Јане Сандански со почеток од 18:45 часот, а на денешната прес конференција како најава за дуелот се појави тренерот Иван Чупиќ.

Тој изјави дека екипата е мотивирана за нов ЛШ настап особено по победата над Нант на гостински терен. Впрочем мотивацијата е уште поголема ако се знае дека ова е последен меч, воедно и на домашен терен и дека публиката заслужува добар резултат и „срце на терен“.

„Не чека за жал последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген ќе дојде во Скопје да обезбеди пласман во главната фаза. По два порази дома годинава гордоста ни е повредена и на нас и на навивачите и токму тие заслужуваат со победа да ја завршиме лигата на шампиони со победа сезонава. Одигравме пет меча како финале што се вели, а Мелсунген ќе пристигне во Скопје секако за да избори пласман понатаму во ТОП 12 фазата. Од друга страна ние мора да покажеме и на овој меч дека оваа сала Јане Сандански ќе биде неосвоива тврдина и понатаму, во мечевите од Лигата на Европа, –  изјави Чупиќ.

 

ПретходноДве победи на македонските екипи во последното коло на Европскиот клупски куп!