Страшниот Лацио промаши два пенали, па сепак славеше со убедливи 6:2!

33
Фото: Лацио/Фејсбук

Лацио ја забележа осмата победа сезонава, откако убедливо го совлада Сасуоло со 6-2 на гостински терен и се искачи на врвот на табелата во Серија А!

Римските „небесносини“ одиграа фантастичен натпревар и ја наполнија мрежата на домаќините во Емилија-Ромања. Избраниците на Џенаро Гатузо уште во првото полувреме постигнаа четири гола, па на пауза заминаа со предност од 4-2.

Лацио практично го реши прашањето на победникот уште во првите 45 минути, а работата му беше дополнително олеснета по исклучувањето на Торствед, по кое Сасуоло остана со играч помалку.

Со новите три бода, пред одигрувањето на преостанатите натпревари од деветтото коло, Лацио се најде на првото место на табелата со 25 бода, пред Интер.

Серија А, 9. коло

Сасуоло – Лацио 2-6 (2-4)

Стрелци: Торствед 7′, Еспозито 43′ – Тејлор 2′, Исаксен 13′, Флоријани 16′, Закани 45+1′, Нослин 55′, 65′.

ПретходноМладата футсал селекција играше нерешено против Црна Гора
СледноИ Јанта Волеј со убедлив пораз на стартот на Челинџ Купот