Предмалку од ФК Вардар е пренесена информацијата дека на записникот од Куп дуелот од 1/8 финалето кој што денеска се играше во Скопје на комплексот Петар Милошевски против екипата на Тиквеш е поднесена жалба поради наводен неправилен настап на гостински играч.
Вардар инаку го загуби овој меч со 1:3 и е елиминиран од понатамошните рунди од ова натпреварување.
За кој играч точно станува збор, и дали жалбата на ФК Вардар ќе биде усвоена останува да видиме.










