Нено со 12 поени за „пет од пет“ за Арис во Еврокупот

50
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап во дресот на Арис од Солун, кој ја совлада Цедевита Олимпија со 78:73 во натпревар од Еврокупот.

Димитријевиќ беше дел од стартната петорка на грчкиот состав и на паркетот помина 26 минути. За тој период постигна 12 поени, со реализација од четири од седум обиди за два поени, додека единствениот обид за три поени не му беше успешен. Македонскиот плејмејкер беше прецизен од линијата за слободни фрлања, реализирајќи ги сите четири обиди.

Покрај поентерскиот учинок, Димитријевиќ придонесе и во другите сегменти од играта, со шест скока, четири асистенции и една украдена топка.

ПретходноМилан го претрпе првиот пораз, Венеција му подари победа на Интер
СледноПарондо: Бевме сигурни дека Вардар ќе одигра максимално! Горди сме што успеавме!