Вардар во овој момент го игра последниот натпревар за оваа сезона во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак после 30 минути против Мелсунген има предност од 14-12.
Иако во претходното коло славеа убедлива победа против Нант, сепак „црвено-црните“ ја немаа максималната поддршка од своите фанови, на трибините има околку 2.500 навивачи.
За Вардар овој меч нема резултатско значење во однос на пласманот во главната рунда, но од клубот најавија дека имаат обврска кон своите фанови и сакаат да завршат победнички, што би било прв триумф во ЛШ на домашен терен сезонава.
Три одбрани на Симиќ, една на Валах на стартот на мечот. Мелсунген прв го скрши мразот и поведе со 0-2. Јанковски го постигна првиот гол за македонскиот првак 1-2. Љевар во шестата минута израмни на 3-3. Пет минути подоцна Мелсунген поведе со три гола разлика (5-8), позитива која имаше до 15-та минута (7-10). Од овој момент македонскиот првак со серија од 5-1, на крилата на одличниот Валах, со голот на Митровиќ успеа да го запише првото водство (12-11) во 25-тата минута. На одморот резултатот е 14-12.
Валах има осум одбрани.










