Силекс со убедлива победа во Битола обезбеди куп-четвртфинале (ВИДЕО)

134

Фудбалерите на Силекс обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако попладнево славеа убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Пелистер во Битола.

Кратовчани ја завршија работата уште во првото полувреме, во кое ги постигнаа сите три гола. Есмир Хасукиќ двапати ја затресе мрежата на домаќините, во 14-тата и во 34-тата минута, а само три минути подоцна Никола Манојлов го постави конечниот резултат од 3:0.

Силекс им се придружи на Шкендија, Скопје, Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Струга и Тиквеш кои претходно обезбедија место во четвртфиналето. Последниот четвртфиналист ќе биде познат следниот месец, кога Брера ќе се соочи со Арсими во преостанатиот натпревар од оваа фаза на натпреварувањето.

ПретходноБогатинов е доктор за фудбал, затоа Тиквеш „гази“ се пред себе
СледноТиквеш знае како на „ФФМ“