Тиквеш знае како на „ФФМ“

166

Славеничка фотографија на тимот на ГФК Тиквеш денеска, откако кавадарчани со 1:3 го совладаа Вардар на комплексот Петар Милошевски во Скопје, во рамките од 1/8 финалето на Купот на Македонија.

Елиминиран е актуелниот шампион на Македонија кој што ги умртви своите шанси да атакува на двојната круна оваа сезона.

Од друга страна некои нови ветришта, фудбалски, провејуваат во Кавадарци. Тиквеш сезонава е една сосема нова екипа. Одлично оди во шампионатот, а и еве во Купот на заостанува.

Евидентно е дека на Тиквеш му оди на ФФМ. На овој тере беше победена Шкендија, а еве сега и Вардар. Како тргнале кавадарчани многу често очигледно ќе се сликаат со насмевки во Скопје.

 

ПретходноСилекс со убедлива победа во Битола обезбеди куп-четвртфинале (ВИДЕО)
СледноВелемајсторски потег: Растодер со гол со пета му донесе победа на ПАО