Хофенхајм е сепак од „друга планета“

192

Младинскиот шампион на Македонија, не успеа да направи сензација во првиот меч од плеј офот за влез во младинската Лига на Шампионите и на домашен терен загуби од 0:3 против германскиот тим на Хофенхајм.

Иако струмичани се надеваа на чудо, сепак, во моментов тоа не е можно. Германците се едноставно на друго ниво и тоа денеска го покажаа на стадионот Благој Истатов.

Поведоа со 0:3, по само 18. минути игра со головите на Цизек, Крамер и Крета, по што беше јасно на каде ќе се движи овој натпревар.

Фудбалерите на Брера со сите сили се обидуваа да остават подобар впечаток денеска но едноставно разликата во квалитетот во моментов е преголема.

Реванш мечот од овој дуел се игра на 4 ноември во Германија.

 

ПретходноКУП на Македонија 1/8 финале: Македонија ЃП ја „шокираше“ Брегалница, Струга ТЛ и Скопје одат понатаму
СледноКерик и Бруно Фернандеш имале состанок во „четири очи“