Шпански медиуми: Таткото на Јамал плукнал келнерка и физички нападнал маж?!(ФОТО+ВИДЕО)

234
ФОТО: FC Barselona/X

А до пред неколку денови се беше бајка за Ламин Јамал, но тие денови се минато. Имено по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид и разочарувањето од тоа дека не ја доби „Златната топка“ нови непријатности за младата ѕвезда на Барселона, овојпат од неговиот татко.

Мунир Насрауи, таткото на Јамал, се најде во центарот на нов скандал. Според шпанските медиуми, тој бил вмешан во инцидент на аеродромот во Барселона. Таму, пред летот за Лондон за “Златната топка“, наводно плукнал врз вработена во угостителски објект, а потоа физички нападнал маж кој се обидел да ја заштити.

Според информациите објавени од шпанскиот портал Ел Еспањол, конфликтот започнал поради јакна што Насрауи ја оставил на место каде што не требало да биде. Вработениот го предупредил да ја соблече, по што избувнала вербална расправија. Ситуацијата брзо ескалирала. Насрауи наводно плукнал во лицето на жената, а еден од мажите што се нашол во близина се обидел да интервенира и да ја одбрани. Таткото на фудбалерот на Барселона потоа, според извештаите, физички го нападнал мажот и зграпчил стол и се обидел да го фрли кон него. Инцидентот барал интервенција на полицијата. Во моментов нема потврдени информации за можни обвиненија или санкции, а околностите на инцидентот не се официјално разјаснети. Затоа, обвинувањата за однесувањето на Насрауи треба да се земат со резерва.
Инцидентот во Барселона не е единствената непријатна ситуација во која Насрауи наводно се нашол во текот на неколкуте дена околу церемонијата на доделување на „Златната топка“ во Лондон. По церемонијата, каде што неговиот син Ламине Јамал заврши на третото место како најдобар фудбалер во светот, Насрауи се судрил со член на руската прес-делегација.

 

Според снимките што се проширија на социјалните мрежи, руски снимател му се приближил пред театарот Лондон Паладиум, каде што се одржувала церемонијата, за да го поздрави и снима. Насрауи реагирал многу бурно, движејќи се кон него и речиси му го соборил мобилниот телефон од рака.
Поранешниот руски репрезентативец Андреј Аршавин бил во близина и го критикувал снимателот за начинот на кој му пристапил на таткото на Јамал. Тој верувал дека отишол предалеку со тоа што се наметнал и му го турнал мобилниот телефон во лице.

Ламине Јамал не е поврзан со овие инциденти. Младиот фудбалер на Барселона ја освои наградата за најдобар млад играч на церемонијата, додека во главниот избор за „Златната топка“ заврши на третото место, зад Килијан Мбапе и победникот Хари Кејн.

ПретходноЗа чест, гордост и навивачите: Вардар оди по победа против Мелсунген!
СледноЛазаров одбра 18 играчи за дуелите со Луксембург и Грција!