Куп – 1/8 финале: Ќе биде “жешко“ на ФФМ – Вардар VS Тиквеш

83

Денеска ќе се одиграат седум мечеви од 1/8 финалето на Купот на Македонија. Осмиот меѓу Брера и Арсими на програмата е на 25 ноември поради денешниот меч во квалификациите на младинската ЛШ на струмичани против Хофенхајм.

Јасно е дека дербито во оваа фаза е мечот меѓу Вардар и Тиквеш. Тоа е дуел меѓу третиот и четвртиот на табелата во ПМФЛ. И двете екипи се во добра форма и секако дека ќе биде „жешко“ на ФФМ од 13.30 часот. Победникот оди во следната фаза, а тоа го сакаат и Вардар и Тиквеш, тука нема дилеми. Се очекува голема битка како што е вообичаено во последно време кога играат овие две екипи.

Струга ТЛ не би требало да има проблеми дома со Беласица. Бранителот на трофејот, тимот на Силекс го чека тешко гостување кај Пелистер во меч кој ќе се одигра под рефлектори.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки:

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (13:30 Ч)

Скопје: Скопје – Новаци

Струга: Струга ТЛ – Беласица

Куманово: Башкими – Шкендија (А)

Скопје: Вардар – Тиквеш

Скопје: Работнички – Саса

Скопје: Македонија ЃП – Брегалница

Битола: Пелистер – Силекс (16.30 ч)

25.11.2026

Брера – Арсими (13 ч)

ПретходноПарондо знае што го чека во Скопје: Мора да останеме ладнокрвни во жешката атмосфера
СледноМладинска ЛШ: Брера ветува голема битка против Хофенхајм