Младинска ЛШ: Брера ветува голема битка против Хофенхајм

0
ФОТО:.facebook.com/fkakademijapandev/

Денеска од 14 часот на стадионот “Младост“ во Струмица, во првиот меч од 2.квалификациско коло во младинската Лига на Шампионите, Брера го пречекува германскиот младински состав на Хофенхајм. Струмичани без разлика што ќе направат на овој двомеч, веќе испишаа историја. Имено тие се првиот клуб од Македонија кој успеал да мине едно коло во ова натпреварува.

Да се потсетиме дека во првото квалификациско коло тимот на Брера, предводен од стратегот Ѓорѓе Стојчев, успеа со вкупни 11:0 да слави против Санта Колома од Андора и да си закаже двомеч со силниот германски тим.

Од таборот на нашиот тим се ветува голема битка, охрабрени по одличните два меча со Санта Колома, се бара поддршка од трибините на стадионот во Струмица од своите фанови.

Струмичани велат дека се знае кој е фаворит, но тие имаат намера да го дадат својот максимум во овој момент и да дојдат до што подобар резултат.

Реваншот се игра на 4 ноември во Германија.

Победникот од овој двомеч во следната фаза во квалификациите во младинската Лига на Шампините ќе се сретне со подобриот од двомечот ПАОК – Зрињски.

ПретходноКуп – 1/8 финале: Ќе биде “жешко“ на ФФМ – Вардар VS Тиквеш