Ракометниот клуб Охрид двата натпревари од третото коло во ЕХФ Европскиот куп ќе ги одигра пред своите навивачи, на 21 и 22 ноември, со почеток од 18 часот.
Охриѓани ќе имаат можност во краток временски период двапати да настапат пред домашната публика, во обид да обезбедат победи над литванска Клаипеда за пласман во следното коло.










