ГФК Тиквеш со соопштение во врска со жалбата на ФК Вардар за неправилен настап на Висдом Окере!(ФОТО)

282

По реакцијата, сега следува и официјалното соопштение на ГФК Тиквеш за случувањата во врска со жалбата на Вардар за неправилен настап на нивниот фудбалер Висдом Окере.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ФУДБАЛСКАТА И СПОРТСКАТА JABHOCT

ГФК Тиквеш ja известува целокупната фудбалска и спортска јавност дека клубот отсекогаш се водел од принципите на чесност, правичност и почитување на спортските вредности, ставајќи го спортот на прво место. Во нашето работење секогаш сме се залагале за фер-плеј, почитување на правилата и интегритетот на фудбалската игра. Во однос на актуелната ситуација по одиграниот натпревар од Купот на Македонија против ФК Вардар, сакаме да појасниме дека при внесувањето на податоците за лекарскиот преглед на нашиот фудбалер Висдом Окере е направена техничка грешка, која не смее да се поистоветува со каков било обид за фалсификување или манипулација со документи. Категорично ги отфрламе сите сомнежи дека ГФК Тиквеш некогаш намерно фалсификувал документи за кoj било фудбалер. Клубот работи со почитување на спортските правила и принципи и цврсто стои зад својот интегритет.

Согласно пропишаните процедури, секој клуб е должен да располага со соодветна фудбалска легитимациа и лекарски преглед за своите фудбалери, во кои се содржани потребните податоци. Доколку на официјалниот делегат на натпреварот постои сомнеж или неајснотија во врска со идентификациата на фудбалерот или неговата медицинска документација, постојат утврдени процедури за проверка и доставување на потребните документи. Во случај на утврден пропуст, клубот е должен да постапи согласно важечките прописи и предвидените рокови. Во таа насока, цврсто стоиме на ставот дека Висдом Окере, како и сите останати фудбалери на ГФК Тиквеш, биле уредно лекарски прегледани пред почетокот на натпреварувачката сезона. Станува збор за технички пропуст при внесуването на податоците, а не за намерно постапување спротивно на спортските правила. ГФК Тиквеш стои на располагање на Фудбалската федерација на Македонија и на целокупната спортска jaвност за разаснување на случајот. Доколку биде потребно, подготвени сме да ja ставиме на увид соодветната медицинска документација за нашите фудбалери пред надлежните институции, со почитување на важечките процедури и заштитата на личните податоци. Веруваме дека ваквите ситуации треба да се разгледуваат врз основа на фактите, документациата и важечките прописи, без избрзани заклучоци и нарушуване на угледот на клубовите и фудбалерите.

ГФК Тиквеш ќе продолжи доследно да ги почитува спортските вредности, чесната игра и принципите на фер-пле.

Со почит, ГФК „Тиквеш 1930 АД” – Кавадарци

ПретходноТиквеш со доказ му врати на Вардар за жалбата за Висдом!(ФОТО)
СледноХендерсон го прашал Ван Дајк: “Зошто свирежи против мене на Енфилд“?!