Фановите во Англија обвинуваат дека ждрепката во Лига Купот била наместена!

193
ФОТО:facebook.com/mancity/

Навивачите во Англија ги обвинија организаторите на Карабао Купот или Лига Купот дека ја наместиле ждрепката откако Манчестер Сити за ривал го доби третолигашот Брадфорд во четвртфиналето на натпреварувањето.

На социјалните мрежи, навивачите го изразија своето незадоволство што „Граѓаните“ повторно извлекоа релативно лесен противник, бидејќи Ливерпул се соочува со Борнмут. Некои од коментарите се фокусираа и на финансиските обвинувања против Манчестер Сити, при што навивачите иронично изјавија дека на клубот му се потребни уште 115 финансиски обвинувања за да објасни таква ждрепка.

Ждрепката беше емитувана во живо на „Скај Спортс“, а Конор Коуди и Греам Ле Со ги мешаа топчињата пред камерите. И покрај шпекулациите, немаше докази за каква било манипулација. Манчестер Сити обезбеди пласман во последните осум откако Брајтон беше елиминиран на пенали, додека Брадфорд се пласираше понатаму со победа од 2-0 над Питерборо. Ливерпул се квалификуваше и на пенали против Челзи, а големиот шок од претходното коло беше елиминацијата на Арсенал од рацете на четвртопласираниот Флитвуд Таун.

Ова се двојките за 1/4 финалето:

Манчестер Сити – Брадфорд

Кристал Палас – Санделренд

Ливерпул – Борнмут

Флитвуд – Њукасл/Евертон

*Натпреварите се играат на 14 декември

ПретходноИ дефинитивно Словенија без Шешко во Скопје!
СледноЃорческа тргна фуриозно, но загуби во 2.коло на турнирот во Истанбул