Во недела ќе се одигра првото дерби оваа сезона. Вардар е домаќин на Пелистер, мечот е закажан со почеток во 17:45 часот. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде вистински празник на ракометот, дополнителна тежина ќе дадат двете навивачки групи.
Според информациите од таборот на актуелниот македонски првак на трибините ќе бидат и „Чкембари“ во најави се околу 150 фанови на битолскиот тим.
Вардар на оваа средба ќе влезе со осум победи во исто толку одиграни натпревари, додека пак Пелистер кој е зад него има скор од седум победи и едно реми.
Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ после вчерашната средба против Мелсунген го најави дербито и потенцира дека се фаворити.










