Ѓорческа тргна фуриозно, но загуби во 2.коло на турнирот во Истанбул

26

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во Истанбул (сала) со пораз во второто коло од Ралука Шербан од Кипар со 2-1 во сетови за два часа игра. Ова беше осми меѓусебен дуел на двете тенисерки и сега резултатот е 4:4 во победи.

Македонската тенисерка го доби првиот сет без загубен гем – 6:0. Но, во вториот сет спротивна слика и ривалката го освои сетот со 6:1 и се избори за решавачки сет.

Во третиот сет Шербан поведе со 5:2 во гемови, Ѓорческа намали на 5:4, но не успеа да се избори за продолжение на мечот откако противничката го доби следниот гем.

Македонската тенисерка следниот настап треба да го има на ИТФ турнирот во Ираклион.

ПретходноФановите во Англија обвинуваат дека ждрепката во Лига Купот била наместена!
СледноФФМ потврди: Окере Висдом е играчот на Тиквеш за кого Вардар поднел официјална жалба!