Репрезентативнот напаѓач, Љупче Дориев кој веќе неколку години игра во Узбекистан, и тоа како стана голема ѕвезда во таа земја. Офанзивецот на Согдиана денеска против тимот на Бухоро не постигна гол во тие 1:1 за својот тим, но без разлика на тоа, фановите на Согдиана бараа селфи со него. А тој во манир на голем професионалец тоа им го овозможи.
Инаку Дориев и натаму е на врвот на листата на стрелците во тамошниот шампионат со 15 голови, притоа има и 5 асистенции во изминатите 26 кола.










