Стојановски: Мора да покажеме пожртвуваност на теренот

38

Денеска се игра петтото коло во Супер-лигата, на програмата се три натпревари. Во центарот на вниманието е дуелот во Кавадарци каде Тиквеш го пречекува ТФТ (18:30 часот).

Домаќинот има скор од една победа и три порази, додека пак скопскиот состав доаѓа со две победи и исто толку порази.

Од таборот на ТФТ, Тома Стојановски го најави мечот, вели дека важно е да одиграат максимално.

„Се чувствуваме максимално подготвени за овој дуел. Фокусот ќе игра голема улога за нас од самиот старт, мора да покажеме пожртвуваност на теренот и со триумф да се вратиме од Кавадарци“, изјави Тома Стојаноски.

Покрај овој натпревар се играат уште два: Штип – Струмица (17:30 часот) и Скопје – Рааботнички (18:30 часот).

ПретходноФудбалерките до 17 години го освоија второто место го групата
СледноРастодер е единствен напаѓач на Панатинаикос кој што реализирал во сите натпреварувања