Тренерска бомба на повидок – Јулијан Нагелсман, но не во Премиер-лигата!

241
ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/

Јулијан Нагелсман наскоро би можел да се врати на тренерската работа. Иако во изминатите недели се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, очигледно е дека не е прв избор на раководството на англискиот клуб. Затоа, како негова можна следна дестинација се споменува – Јувентус!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Лучано Спалети не е најсигурен на клупата на Јувентус по низата лоши резултати. „Старата дама“ се наоѓа дури на осмото место на табелата со освоени 14 бода. Интер и Лацио веќе имаат предност од 11 бода, па разговорите за борба за Скудетото се залудни. Поради тоа, враќањето во Лигата на шампионите е апсолутен приоритет.

Нагелсман е без ангажман откако летово се раздели со Германската фудбалска федерација. Тој чека вистинска понуда, а можеби токму Јувентус ќе биде неговата следна дестинација.

Пред да ја преземе германската репрезентација, Нагелсман го водеше Баерн Минхен, а се прослави на клупата на РБ Лајпциг. Тренерскиот занает го усоврши во Хофенхајм, каде што се етаблираше како еден од најперспективните млади тренери.

Јувентус го очекуваат два дерби-натпревари. Во недела го пречекува Наполи, а потоа му гостува на Фиорентина. Во меѓувреме, ќе гостува и кај АЗ Алкмар во Лигата на Европа. Доколку Спалети продолжи со лошите резултати, големо е прашањето дали ќе ја задржи тренерската функција по репрезентативната пауза.

Дали Германецот е вистинското решение за Јувентус?

ПретходноПријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: РЕсет за внатрешна сила, РЕсет за добросостојба!
СледноНикола Јокиќ повторно го надмина Расел Вестбрук!