Јетон Беќири и неговата Габала освоија голем бод во дуелот со Карабах, откако на домашен терен одиграа 0:0 против еден од најсилните клубови во Азербејџан. Македонскиот стратег успеа да го запре фаворитот во натпреварот од 10. коло во тамошното првенство.
Габала одигра дисциплинирано и не му дозволи на Карабаг да ја наметне својата игра. Гостите имаа поголем посед на топката, но не успеаја да ја претворат теренската иницијатива во погодок.
За Беќири ова е значаен резултат затоа што врза веќе два меча без пораз и полека ја вади Габала од дното на табелата.










