Новата студија од познатата опсерваторија CIES, која се занимава исклучиво со интересни работи од светот на фудбалот, се обиде да пресмета кој клуб го направил најлошиот бизнис во последните пет години кога станува збор за трансфери.
Што зедоа предвид?
Пресметката ја зема предвид разликата помеѓу исплатената компензација за пристигнувања и приходите генерирани од продажбата на играчи кои повеќе не се во клубот, како и разликата помеѓу исплатената компензација и моменталната пазарна вредност на фудбалерите кои сè уште се под договор со клубот.
Ако ги земеме сите овие параметри, најдобриот клуб е – Ајнтрахт од Франкфурт, тие го направија најдобриот бизнис во претходните пет години, по што следуваат Реал Мадрид (најмногу поради Мбапе кој дојде бесплатно и Арда Ѓулер кој дојде за само 30 милиони), ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити, Штутгарт, Виљареал, Лајпциг…
Најлош?
Ал Хилал е убедливо најлош, но веднаш зад нив се Манчестер Јунајтед, Ал Наср, Тотенхем, Ал Итихад и Ал Ахли.










