„Крвава“ пресметка помеѓу „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ – има повредени!

3502

Иако вечерва не играат МЗТ Скопје и Работнички, сепак двете навивачки групи на клубовите се пресретнаа пред салата „Јане Сандански“.

„Сити Парк Бојс“ дојдоа да ги бодрат „црвено-белите“ на дуелот против Скопје, но непосредно пред натпреварот биле пресретнати од навивачите на МЗТ Скопје – „Фемили“.

Во отсуство на поголемо обезбедување, двете навивачки групи физички се пресметале, при што има и сериозно повредени членови на двете групи. На местото пристигнала брза помош, повредените се пренесени во Ургентен Центар, како и поголем број полициски службеници, кои спречиле пресметката да добие уште поголеми размери.

Во овој момент во салата „Јане Сандански“ е присутно и засилено обезбедување.

ПретходноРома со „петарда“ го почести Удинезе на „Фриули“
СледноГРК Охрид со цел плен од Куманово!