Вембањама испорача 43 поени, Мемфис остана перфектен (ВИДЕО)

31
ФОТО:.facebook.com/Spurs/

Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар и со 43 поени го предводеше Сан Антонио до победа над Минесота од 121:111. Францускиот центар беше прво име на паркетот, а покрај поентерскиот учинок, зад своето име запиша и седум скокови, шест блокади и четири асистенции.

Голема поддршка имаше од Дилан Харпер, кој постигна 25 поени, додека Де’Арон Фокс средбата ја заврши со 20 поени. По двата порази на стартот од сезоната, Сан Антонио влезе во победнички ритам и моментално има серија од четири последователни триумфи.

Камерон Бузер имаше одлично деби во дресот на Мемфис Гризлис, постигнувајќи 27 поени и девет скокови во убедливата победа над Сакраменто Кингс од 136:105. Значаен придонес даде и Ајзеја Стјуарт со 24 поени.

Мемфис останува единствениот непоразен тим во НБА-лигата, со максимален учинок од шест победи на шест натпревари. Со тоа Гризлис го израмнија најдобриот старт во историјата на франшизата, поставен во сезоната 2014/15.

Ги Џексон постигна 21 поен, погодувајќи ги сите пет обиди за три поени. Кам Спенсер, кој стартуваше на позицијата плејмејкер поради отсуството на Тај Џером и Скоти Пипен Јуниор, натпреварот го заврши со 10 поени и 13 асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс – Атланта Хокс 121:99
Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 136:105
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 111:136
Сан Антонио Спарс – Минесота Тимбервулвс 121:111
Хјустон Рокетс – Оклахома Сити Тандер 119:98

ПретходноНема мир пред дербито: „Комити“ ги посетија ракометарите на Пелистер (ВИДЕО)
СледноЛазаров денеска прозива за мисијата Европско првенство 2028!