ПЕТОРКА НА КОЛОТО – 3: Мртва трка – Клири 44, Ли 42 индексни поени…

36

Со извонреден настап на дерби-натпреварот против Баскет Кам, Клири оствари 44 индексни поени, најмногу од сите кошаркарки во ова коло.

ЛИНДЗИ КЛИРИ (БАДЕЛ 1862)

Клири ги одигра сите 40 минути и постигна фантастични 36 поени, со одлична реализација од 15/18 во шутот за два поени и 6/8 од линијата за слободни фрлања. На својот учинок додаде и 14 скока, три асистенции, за вкупен индекс од 44 поени.

МАРИСА ЛИ (КРИВА ПАЛАНКА)

Веднаш зад неа е Мариса Ли од Крива Паланка, која блесна на гостувањето во Гевгелија. Ли оствари неверојатен дабл-дабл учинок со 28 поени и дури 26 скока, од кои 14 во нападот. Имаше и четири украдени топки и три асистенции, за вкупно 42 индексни поени.

ДУШИЦА МИЦЕВА (ПРОБАСКЕТ)

Третото место во изборот го зазема Душица Мицева од Пробаскет, која имаше значаен придонес во првата првенствена победа на својот тим. Во 34 минути на теренот постигна 16 поени, но нејзиниот највпечатлив сегмент беа 26 скока, седум во офанзивната фаза. Додаде и една блокада, две асистенции и една украдена топка, за индекс 36.

ШЕКИНА РЕЈЧЕЛ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)

Шекина Рејчел од МЗТ Скопје Аеродром се најде меѓу најдобрите со одлична партија против Вардар. Реализираше 26 поени и 12 скока, остварувајќи дабл-дабл учинок, а забележа и три асистенции. Нејзиниот настап беше вреднуван со 27 индексни поени.

САРА МАКСИМОВСКА (БАСКЕТ КАМ)

Петорката ја комплетира Сара Максимовска од Баскет Кам. Во дуелот против Бадел 1862 постигна 24 поени, со одлична реализација од линијата за слободни фрлања (6/6), а придодаде и по четири скока и асистенции, за индекс 27.

Во втората петорка на 3. коло се најдоа Јана Пислевска (Вардар), Ана Стоименовска (Патриот 2016), Сања Адамовска (Баскет Кам), Марија Николов (Бадел 1862) и Марија Митева (Баскет Кам).

ПРВА ПЕТОРКА

Линдзи Клири (Бадел 1862)

Мариса Ли (Крива Паланка)

Душица Мицева (Пробаскет)

Сара Максимовска (Баскет кам)

Шекина Рејчел (МЗТ Скопје Аеродром)

ВТОРА ПЕТОРКА

Јана Пислевска (Вардар)

Ана Стоименовска (Патриот 2016)

Сања Адамовска (Баскет кам)

Марија Николов (Бадел 1862)

Марија Митева (Баскет кам)

ПретходноПМФЛ полувреме: Радески за водство на Струга ТЛ, „ВАР“ го врати пеналот на Вардар (ВИДЕО)
СледноСедлоски утре го објавува списокот за Шкотска и Словенија