Струга ТЛ знае како против шампионот (ВИДЕО)

89

Во дербито од 12. коло од актуелниот ПМФЛ шампионат, кое што се одигра попладнево на комплексот Петар Милошевски во Скопје, тимот на Струга ТЛ го совлада актуелниот шампион тимот на Вардар со 0:1.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Марјан Радески во првото полувреме, откако искористи добра асистенција од лево.

Денешното дерби донесе добар фудбал, во кој што видовме многу шанси, пред се на домаќинот, но гостите се тие кои што се радуваат на победата.

Радески казнува во првиот дел

Првиот дел од ова дерби го одбележаа три момента. Исмајли погоди дирек, за да потоа Рочи стартува врз Закариќ во сопствениот шеснаесетник, а судијата Ристовски досудува пенал.

ВАР реагира и вели дека претходно напаѓачот на Вардар бил во офсајд, па се враќа целата ситуација назад.

Во 31. минута прекрасното нафрлување на вториот дирек за Радески, искусниот напаѓач го користи и од прва реализира во голот на Давор Талески.

Вардар нападна, Василев спасуваше

Во вториот дел, Вардар се префрли на противничката половина што беше и логично, со оглед на резултатот. Создаде грст шанси, во еден момент, десетина минути домашните беа во шеснаесетникот ан Струга ТЛ. „Зицерот“ го имаше Димитар Данев кој што на вториот дирек начека еден силен удар, погоди во голот на гостите, во Василев фантастично брани. Прашаше беше дали топката ја мина гол линијата, ВАР повторно во „акција“ и досудува дека нема гол.

На спротивната страна Исмајли, на асистенција на Малески излегува сам пред Талески, но репрезентративниот голман одлично затвора агол и спасува двојно гостинско водство.

ПретходноСедлоски утре го објавува списокот за Шкотска и Словенија
СледноБашкими до важни бодови против Арсими