„Нула“ на Автокоманда помеѓу Скопје и Силекс

77

Екипите на Скопје и Силекс денеска на стадионот во Автокоманда, го одиграа својот ПМФЛ дуел од новото 12. коло од домашниот шампионат.

Истиот заврши со најнепопуларниот резултат, 0:0, односно и двата тима не успеаа да реализираат во противничката мрежа.

Шанси и ситуации имаше, и покрај лошото време денеска во главниот град. За домаќинот Виктор Ангелов и Гордиќ имаа ситуации, а и неколкупати имаше закана од прекин ситуации.

На другата страна пак, шансите за Силекс ги имаа Шеро и Хасукиќ. Првиот одлично проби централно, шутираше силно по земја, но Кристијан Наумовски како и многупати сезонава го спаси Скопје. Хасукиќ пак, не искористи одлично спуштена топка на петерецот, на која што налета и со сета сила шутираше високо над голот.

ПретходноМТЕЛ СУПЕРЛИГА – ПЕТОРКА НА КОЛОТО – 5: Рикиќ прв меѓу најдобрите
СледноЕрик тен Хаг предупредува: На Јунајтед му се заканува испаѓање од Премиер-лигата