Седлоски утре го објавува списокот за Шкотска и Словенија

136

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски утре на официјална прес конференција ќе го објави списокот на репрезентативци на кои што ќе смета за претстојните мечеви од Лигата на Нациите Б дивизија против Шкотска на гости односно Словенија на домашен терен.

Македонија во овој циклус играчки и резултатски се мачи, па селекторот Седлоски во овие два преостанати мечеви од оваа кампања ќе се обиде нешто да поправи.

Дефинитивно во списокот нема да го има дефанзивецот Андреј Стојчевски кој што е повреден, а во составот ќе се врати Дарко Чурлинов кој што на претходниот собир имаше административни проблеми и не се стави на располагање.

Мечевите против Шкотска се на 13.11.2026 односно 16.11.2026.

 

ПретходноПЕТОРКА НА КОЛОТО – 3: Мртва трка – Клири 44, Ли 42 индексни поени…
СледноСтруга ТЛ знае како против шампионот (ВИДЕО)