Фото за вечно сеќавање: Кими со Макс и Луис, некогаш и сега!(ФОТО)

59
ФОТО:facebook.com/Formula1/

Андреа Кими Антонели вчера на најубав можен начин и официјално стана светски првак во Формула 1. На само 20 години и 68 денови Италијатецот сега е рекордер, тој е најмладиот шампион во Формула 1.

Успехот на Кими е нешто фантастично и не само во Ф1 туку и општо во спортот. Ова е еден од најубавите спортски моменти во историјата.

Посебен шмек на радоста на Кими и тоа како дадоа Макс Верстапен кој победи на трката во Мексико и Луис Хамилтон кој заврши како втор. Прекрасна беше глетката кога двајцата големи шампиони кои заедно “тежат“ 11 титули го дигнаа на раце новиот светски првак.

Подолу можете да ги видите сите тројца, но во поинакво светло. Кими како детенце а Макс и Луис како веќе етаблирани возачи во Формула 1.

Навистина прекрасна приказна, фото за вечно сеќавање.

Браво за Кими и секоја чест за големите Макс и Луис.

ПретходноСобир и на М-18 ракометната селекција на Македонија (ФОТО)
СледноЧурлинов уште во 5.минута “стрела“ за Погон (ВИДЕО)