Уште една фантастична партија на Лука Дончиќ за уште една победа на ЛА Лејкерси. Овојпат против Мајами со 138:117. Словенецот повторно блескаше со 42 поени, 7 скока и 13 асистенции. Тоа значи дека Лука по четврти пат сезонава оди над 40 поени. Нема дилеми, Лука е во страшна форма. За тоа најдобро говори податокот дека за само 24 часа на два меча успеа да постигне 87 поени.
За разлика од него Никола Јокиќ и Денвер никако да се разбудат. Слаба партија на Србинот и но пораз на Нагетси, овојпат од Портланд со 110:118. Јокиќ дојде до 26 поени, 9 скокови и 8 асистенции, но за 35 минути со шут 10/22.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Кливленд – Оклахома 112:117, Шарлот – Детроит 91:124, Индијана – Атланта 104:108, Њујорк – Бруклин 103:90, Орландо – Вашингтон 94:103, Филаделфија – Чикаго 126:107, Далас – Сакраменто 100:115, Мемфис – Њу Орлеанс134:135, Минесота – Милвоки 112:100, Хјустон – Бостон 109:93, Сан Антонио – Јута 119:97, Голден Стејт – Феникс 116:113, ЛА Клиперс – Торонто 118:125.










