Кузмановски оптимист: Искусни сме, знаеме што сакаме, сонуваме за уште едно ново првенство

65

Во очекувањето на утрешниот прв натпревар со Луксембург во квалификацискиот дел за пласман на ЕП 2028, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, со свое гледиште за она што не очекува на претстојниот двомеч.

„Mислам дека Македонија во изминателот период покажа еден континуитет на големите натпреварувања. Сакаме да го продолжиме тој пат и од првенство во првенство напредуваме. Мислам дека оваа генерација полека надојдува, позрели сме, имаме многу првенства во нашите нозе, мислам дека сме искусни и посакуваме и сонуваме за уште едно ново првенство.

Одиме чекор по чекор. Мислам дека задачите ни се дадени, се јасно, добро се познаваме и треба да одговориме на тоа што е подготвено. Не потценуваме никој, мислам дека сме максимално спремни. Без разлика што има мал период за да се спремнеме против екипата на Луксенбург, не очекува еден интересен натпревар/ Мислам, пред домашна публика треба да бидеме максимално спремни, да ја испочитуваме наша тактика и нормално сакаме да извадиме победи и со добра атмосфера да го дочекаме натпреварот против екипата на Грција.

Имаме доволно материјал за екипата на Грција. Мислам дека исто ќе биде тежок натпревар. Максимално сме спремни и посекуваме да извадиме победа. Македонија секогаш оди на победа и тоа треба да го покажеме на терен. Мислам дека сме доволно искусни и веруваме во себе“, вели Кузмановски.

Македонија утревечер во СЦ „Борис Трајковски“ од 19 часот го пречекува Луксембург во првиот меч во групата. Во недела, пак, и гостуваме на Грција.

 

ПретходноБарселона ја одреди цената по која ќе го продава Балде
СледноМоден крик: Стајлингот на Сила е хит низ Кавадарци (ФОТО)