Без никакви дилеми околу тоа кој е тренер на ова 12.коло. Секако дека тоа е стратегот на стружани, Бледи Шкемби. Шефот на струката на Струга ТЛ уште еднаш потврди дека и тоа како си ја знае работата и тоа токму на теренот на шампионот. Адекватна тактика, одлично “скенирање“ на противникот и се разбира одличен избор на играчи со кои успеа да го победи Вардар со 0:1 и да освои екстра значајни три бода.
Со оваа победа сега е јасно дека Струга ТЛ има високи, високи амбиции и оваа сезона. Има добар тим, има добар тренер, покажува дека ги научила грешките од минатата сезона. И кога е така, а така е, тогаш ништо не е невозможно за четата на стратегот Бледи Шкемби, како во шампионатот, така и во Купот на Македонија.















