Каква коинциденција…. последниот гол за Македонија го даде токму Бојан Миовски

109

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски вчера го објави списокот на репрезентативци на кои што ќе смета за претстојните мечеви од Лигата на Нациите, Б дизивија, против селекциите на Шкотска на гости односно Словенија на домашен терен.

Она што беше веднаш воочливо е што на истиот го нема до сега нашиот прв напаѓач, Бојан Миовски кој што е изоставен. Селекторот Седлоски го даде своето образложение, зошто е тоа така, со ставен акцент на неговата мала минутажа во тимот на Ренџерс.

Е сега, од друга страна пак, дали тоа ќе ги реши нашите „гол“ проблеми, кои што се актуелни веќе со месеци, останува да видиме. Македонија мака мачи да постигне гол, сеуште во мандатот на Седлоски тоа не се случило.

Фактите се тие. Цели осум меча Македонија нема постигнато гол. Од оној дебакл против Велс на гости и поразот од 7:1. И интересно, исто така е факт дека тој последен наш гол го постигна токму Бојан Миовски.

Кој ќе биде нашиот следен наш херој кој што ќе ја затресе противничката мрежа, и дали тоа конечно ќе се случи во овој репрезентативен прозорец, останува да видиме.

 

ПретходноМакедонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал
СледноТрпевски донесе Лига на шампиони победа за Црвена Звезда (ВИДЕО)