Шок за ПАОК: Охриѓанецот Осман мора на операција!

122

Лоши вести доаѓаат од Солун. Охриѓанецот Џеди Осман се здобил со сериозна повдреда.
Кошаркарот кој е најголемото засилување на ПАОК го скина менискусот и нема да го видиме на кошаркарските терени некое време.
Дополнително, тој ќе биде опериран.
ПАОК искочи со соопштение.
„Џеди Осман утрово беше подложен на магнетна резонанца поради болка во коленото. Прегледите покажаа дека има скинат менискус на десното колено. Тој ќе биде опериран во наредните денови за да се санира повредата. Целиот наш тим е со Џеди Осман и му посакува брзо закрепнување и што е можно поскоро враќање на теренот.“
Засега нема информации за тоа колку долго би можел да отсуствува од теренот.

ПретходноПотврдени се лошите вести за Барса: Родри три недели во „аут“!
СледноПријателска: Младинците подобри од кадетите