Крај на една тениска ера: Лабудовиќ и Ѓорческа се разделија по 13 и пол години

403

По 13 и пол години, 62 освоени титули и заеднички пат исполнет со успеси, падови и големи враќања, завршува една од најдолгите и најзначајни соработки во македонскиот тенис.

Димитар Лабудовиќ и Лина Ѓорческа ја прекинуваат заедничката работа, а разделбата тренерот ја потврди со емотивна порака на социјалните мрежи осврнувајќи се на долгогодишниот заеднички пат, исполнет со бројни успеси, предизвици, повреди и големи враќања на тениските терени.

Во емотивната порака, тренерот ги сумираше најважните моменти од нивната соработка, потенцирајќи дека заедно испишале историја за македонскиот тенис.

„Секое патување има своја крајна дестинација. По 13 и пол години, 62 титули на професионалната турнеја и патот од најниските турнири до главниот турнир на Вимблдон, сега можам гордо да кажам дека завршивме одлична работа. Испишавме историја за нашата земја.

Беше најголемо задоволство да можам да работам со тебе како тенисерка, но пред сè со личност како тебе. Ти благодарам за сè, Лина“, напиша Лабудовиќ.

ПретходноТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот возач во Формула 1!
СледноПриказната продолжува: Хари Кејн потпиша најголем договор во историјата на Баерн!