Деби за паметење на Горига: Чест ми е што играм за Македонија!

145

Дмитро Горига дебитираше во дресот на македонската ракометна репрезентација. Во убедливата победа (41-23) против Луксембург, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година, постигна три гола.

Горига беше поздравен со овации од македонската публика, што предизвика воодушевување кај него. Тој потенцира дека е голема чест што игра за Македонија и дека од соиграчите е одлично прифатен.

„Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој бев дочекан. Толку многу навивачи по натпреварот, ја чувствувам љубовта и затоа повторно ќе кажам – ја чувствувам Македонија како своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум прифатен од соиграчите. Кратко време сум овде, но верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето. Што се однесува до самиот натпревар, очекувано славевме убедлива победа. Одигравме квалитетен натпревар и очекувам да бидеме уште поквалитетни на следните средби. Овој дуел брзо ќе го заборавиме, одиме по победа и во Грција“, истакна Горига.

Македонија уште денеска ќе биде во Скопје, по што заминува за Грција, каде што во недела ќе го одигра вториот натпревар од овие квалификации.

ПретходноНова историска партија на Вембањама, трипл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)
СледноСитуацијата е сериозна: Партизан се огласи на „стори“ по најавите за оставки во клубот!