Судии за 13.коло: Качевски “главен“ во Кратово, Трпчевски ќе го суди големото дерби во Струга

0

Викендов се играат сите средби од 13.коло во нашата елитна фудбалска лига. Секако дека двете дербија, во Струга (Струга ТЛ – Шкендија) и во Кратово (Силекс – Вардар) и тоа како го привлекуваат вниманието.

Познати се и судиите кои ќе ја дела правдата. Во Струга каде играат двете водечки екипи ќе суди Стојанче Трпчевски а Кратово задолжен за арбитражата на теренот ќе биде Јован Качевски.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки, тремините и судиите за мечевите од 13.коло:

СУДИИ ЗА 13.КОЛО ВО ПМФЛ

ПЕТОК (06.11.2026)

Кавадарци: Тиквеш – Скопје (Благојче Ралевски) 13 ч

САБОТА (07.22.2026)

Струга: Струга ТЛ – Шкендија Т (Стојанче Трпчевски) 12 ч

Кратово: Силекс – Вардар (Јован Качевски) 13 ч

НЕДЕЛА (08.11.2026)

Куманово: Башкими – Брегалница (Бењамин Керими) 12 ч

Гостивар: Арсими – Шкендија А (Пларент Салихи) 13 ч

ПретходноРетро капитенско фото: Ристовски и Роналдо на “Драгао“!(ФОТО)