Тажни вести од Прилеп. На 76. годишна возраст, почина легендарниот фудбалер на Победа, а потоа и на Вардар, Ристо Глигороски.
Тој е еден од оние фудбалери кои што има оставено огромен траг во дресот на прилепскиот фудбалски гигант, а кој што потоа настапуваше и за скопски Вардар кон крајот на седумдесетите години од минатиот век.
Роден во Охрид во 1950 година, Глигороски најголемиот дел од својата фудбалска кариера и живот ги минува во Прилеп. Во Победа пристигнува од струшки Караорман, а неговиот квалитет многу брзо стана препознатлив за пребирливата прилепска публика. На покана на белградски Партизан, заминува со овој клуб на едномесечна турнеја во Јужна Америка, а по престојот во Вардар, повторно се враќа во Победа.










