Стоперот на Милан одби повик за Белгија, селекторот подготвува драконска казна

87

Речиси секој национален тим неделава има свои проблеми кога станува збор за списоците на репрезентативци за следниот репрезентативен прозорец по повод Лигата на Нациите. Откажувања, повреди, суспензии и по некој мини скандал. Како да речеме оној во националниот тим на Белгија.

Селекторот Марк ван Бомел стандардно на својот список го впиша стоперот на Милан, Кони Де Винтер, кој што на истиот нема да се јави, туку одлучи да го игнорира. Поточно, во телефонски разговор со селекторот Де Винтер рекол дека не се чувствува во моментов подготвен да настапува за националниот тим.

Јавноста пак во Белгија вели дека тоа многу веројатно е тесно поврзано со тоа што за време на изминатиот репрезенаттивен прозорец, во четири мечеви, Кони Де Винтер не доби ни минута на терен.

Селекторот Ван Бомел рече дека одлуката е на самиот играч, и дека истата ќе има сериозни последици.

 

ПретходноКрамариќ заминува засекогаш од репрезентацијата на Хрватска!?
СледноПионерите загубија од Црна Гора на Регионалниот Челинџ Куп