Добри вести од Каталонија: Ерик Гарсија е подготвен за дербито против Атлетико Мадрид

26

В недела со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби од новото коло во шпанската Примера во кое што ќе се сретнат екипите на Атлетико Мадрид и Барселона.

Каталонците се подготвени за овој мега дуел, како и домаќинот. Гостите имаат повод за радост затоа што Ерик Гарсија според последните информации го издржал последниот тренинг и ќе патува за Мадрид.

Доколку пак го одработи и утрешниот тренинг целосно, тој би требало да се најде и во стартниот тим како што јавуваат локалните медиуми.

За Барса е многу важно да се добие овој меч затоа што веќе сезонава се загубени два дерби меча. Против ПСЖ во ЛШ односно против Реал Мадрид во Примера.

 

 

Претходно„Јанис нема висок кошаркарски IQ“
СледноКриезиу: Дерби меч е мотив за секој фудбалер